ЕКОЛОГИЈА Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Работилница „Водоземци и влекачи во НП Галичица“ во Охрид

Охрид, 31. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денеска од 13:00 часот во Инфо центар – Охрид, при НП „Галичица“, ќе се одржи работилница „Водоземци и влекачи во НП Галичица“.

Работилницата е наменета за ученици од петто до деветто одделение. Учениците ќе имаат можност да се запознаат со највпечатливите видови на ‘рбетници кои живеат во Националниот парк „Галичица“, а како предавачи ќе ни се придружат биолози од Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ).

– Учениците ќе научат повеќе за водоземците и влекачите, кои видови се застапени во нашиот парк, која е омилена храна на водоземците, зошто влекачите се повеќе активни денски итн, информираат од НП „Галичица“.

Работилницата ќе се одржи и утре од 10:00 часот во Инфо центарот на паркот во Стење. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука