ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Охрид, 31. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – По десетина дена континуирано намалување, иако минимално, зголемен водостојот на Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,41 м.н.в, што е за 8 сантриметри под просекот за март (693,49 м.н.в), односно 31 сантиметар над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 8,5 степени и е за два степени повисока во однос на месечниот просек.

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство3 землоделство, шумарство водостопанство управаз хидрометеоролошки работи- (споредба дневна хидролошка информацира3 реките природните претходниот ден очекувана енденција .2022 прикажани наредниот ден) станица- легуновце- вардар вардар 36 36 87 просек март треска 103 105 пчина пчина 40 44 60 70 берово- брегалница брегалница -струмица струмица нд 37 нд 87 ложани- + дрим 35 87 138 табела 62 во MHM наколец 105 127 49 нд 147.06 3.преспа 07:30 часот 147.06 охрид ез.охрид табела 144.22 693.41 вода охрид 07:30 693.49 охрид Bodocmojom 8.5 7.5 8.5 преспанско езеро нд изработил: "наколец одобрил: псолуте минимум 6.5 842.25 директор, M-p ивица годоровски водостој“

Најавените врнежи за следните неколку дена се очекува поволно да се одразат и дополнително да го зголемат нивото на езерото.

Во Охрид денес претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 15. степени.

– До сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Денес на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час). Особено нестабилно ќе биде утре кога ќе има појава на локално невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град. Од недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините во западните делови од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука