Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Арбен Демироски- Бено: Пописот го признаваат само ДУИ и СДСМ, во Охрид има 2.600 Египќани, повеќе се собираме на свадби, од бројката со која сме прикажани на овој попис

Охрид, 31. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Пред повеќе од една година, кога СДСМ ја имаше апсолутната власт во Македонија, а ние бевме коалицони партнери, ние бевме против овој модел на попишување и тогаш Здружението на Египќаните даде потписи за подршка на иницијативата предводена од ВМРО-ДПМНЕ каде се бараше електронски отисок од прст при попишивањето, како и против нелогичното и никаде во светот неприменето решение да се оди со врзан потпис за признавање на резултатите, реагира на резултатите од пописот Арбен Демироски- Бено, советник од редовите на Египќаните во Општина Охрид и претседател на Здружението на Египќаните „Египќани Пирамида Зем“ од Охрид.

– Во тој момент бевме во владеачкото мнозинство на тогашниот градоначалник д-р Константин Георгиески, а заедно собиравме потписи со сегашниот градоначалник д-р Кирил Пецков и ова го нагласувам затоа што сакам да потенцирам дека во сите прашања, а најмногу во ова прашање имаме константен став. Времето покажа дека сме во право бидејќи тоа на што предупредивме тогаш, сега се реализира и ние Египќаните не го признаваме Пописот, а како што гледаме не го признаваат ни Турците, дел од албанските, дел од македонските партии и можеме да заклучиме дека пописот го признаваат само ДУИ и СДСМ, вели Демироски- Бено.

May be an image of 9 people, people standing and outdoors

Тој ги апострофира нивните забелешки за пописот:

– Немаше предвидени попишувачи Египќани (во место каде што нема Роми, односно има само 68 лица, беа предвидени 12 попишувачи Роми. Тука имаше повеќе попишувачи Роми од ромската општина Шуто Оризари);

– Немавме ниту еден инструктор Египќанец;

– Во пописната комисија немавме член, иако баравме (комисијата беше составена од СДСМ Охрид и тука беа поставени партиски војници кои ги интересираше само хонорарот, а не и веродостојноста на пописот);

– Во местото викано „Дебело Поле“, на улицата „Железничка“, каде живеат стотина Египќани, попишани се само празни куќи, иако реагирав лично, не се презеде ништо.

Демироски- Бено вели дека го известиле раководството на Заводот за статистика во Скопје, од каде им било ветено дека на пописот во август ќе има попишувачи и инструктори, сепак и тоа ветување се покажало кaко лажно.

– Што се однесува до бројот на Египќани што е официјално соопштен на овој попис можам да кажам дека ние во Охрид повеќе се собираме на свадби, од бројките со кои сме прикажани на овој попис. Ние знаеме дека во Охрид сме над 2.700, а не има и во Ресен, Струга, Дебар, Кичево, Скопје и други градови. Сето ова кај сите наши граѓани предизвикува сомнеж и не ни останува ништо друго освен да ги оспориме овие резултати кои се направрни да наштетат на нашите права како етничка заедница во ова општество, потенцира Демироски- Бено.

Тој објавува и статистички информации за Египќаните во Охрид кои ги имал како Советник во Градскиот совет во Охрид:

– Во основните и средните училишта декларирани ученици се 400 Египќани.
– Студенти декларирани Египќани имаме 25 само од Охрид.
– Во Јавните претпријатија „Охридски Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“, „Градски Пазар“ имаме 200 вработени декларирани Египќани.
– Во сите останати Државни институции имаме уште 70 вработени, од кој најголем дел во Општа болница.
– Во приватниот сектор имаме повеќе од 400, од кои 150 само во новите фабрики во охридско.
– Во Бирото активни и неактивни баратели за работа се околу 600 декларирни Египќани.
– Немаме податок за тоа колку се пензионери, а сигурно се повеќе од 300 пензионери. Немаме податок за децата до 6 години. Овие броеви се исто така големи, бидејќи кај нас наталитетот не е во пад.

Кога ќе го себерете се’ ова, јасно е дека пописот не може да биде реален. Ние сметаме дека во Охрид сме 2.600, а во цела Македонија повеќе од 7 илјади, вели за Супер радио и OhridPress Арбен Демироски- Бено, советник од редовите на Египќаните во Општина Охрид и претседател на Здружението на Египќаните „Египќани Пирамида Зем“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

поврзани вести:

Весела изборно/пописна математика: Албанци во Охрид на избори 2.628, на пописот истата година 1.942, каде „исчезнаа“ Египќаните?!

Попис 2021: Охрид има 51.428 жители, 18.368 домаќинства и 33.660 станови

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука