ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Докторка ќе одговара за смртта на 11-годишниот Илче од Охрид: Не го прегледала, го лекувала телефонски и го оставила да умре од дехидрираност!

Скопје/Охрид, 31. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Лекарка од Јавната здравствена установа Специјалистички завод Демир Капија ќе одговара за смртта на малиот Илче од Охрид.

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик според кој може да добие затвор од најмногу 5 години. Момчето кое имаше само 11 години ненадејно почина на 5-ти октомври, 2020 година,

Неподвижното дете кое боледуваше од церебрална парализа беше оставено прво од неговиот татко, па од неговата мајка. За да има достоинствен и подобар живот беше сместен во семеен дом.

Според Обвинителството, осомничената го оставила детето без инфузија и соодветна терапија и го лекувала телефонски без да го прегледа. Обвинетата, како лекар-специјалист по општа медицина, била ангажирана со договор за повремени и привремени работи во Јавната установа Специјалистички завод Демир Капија – станбена единица во село Куршеница.

Починатото момче беше згрижено во семеен дом еден месец пред да почине, откако претходно беше пронајдено како целосно запуштено живее само во исклучително лоши услови во Охрид.

Комплетната инфорамција ОВДЕ. (Крај)

извор: мкд.мк фото: мкд.мк

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука