Избор Македонија Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Стружанец од затвор успеал да измами лице од Штип, во негово име аплицирал за кредити во финансиски друштва

Скопје/Струга, 31. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – СВР Штип поднесе кривична пријава против 30-годишниот П.С. од Струга, кој е на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“.

– Во периодот од јануари до април 2021 година, пријавениот довел во заблуда лице од Штип и ги прибавил неговите лични податоци со кои електронски креирал кориснички профил на негово име на веб страни на повеќе финансиски друштва и аплицирал за кредити. Парите од финансиските друштва биле уплатени на трансакциската сметка на оштетениот, кој повторно бил доведен во заблуда и парите ги подигнувал и по такси возач ги предавал на лице од Крива Паланка. На тој начин пријавениот причинил материјална штета од 97.500 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука