ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Силниот ветер откорна кров од зграда на улицатa „Галичица“ (Фото)

Охрид, 31. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Силниот ветер кој попладнево го зафати поширокиот регион на Охрид предизвика повеќе проблеми во градот.

Екипа на ТППЕ Охрид интервенираше на улицата „Галичица“ каде силниот ветер буквално го откорна лимот од кровната контрукција на зграда лоцирна на улицата. За среќа во моментот кога кровот паднал долу немало минувачи. Оштетен е само еден паркиран автомобил.

No description available.

На улица „Ристо Чадо“, од силниот ветер падна бандера, по што извесно време беше оневозможено нормалното одвивање на сообраќајот.

На неколку места во градот од силината на ветерот откорнати се и неколку дрвја. (Крај)

извор: Охрид24/ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука