Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Апел од Охридската планинска спасителна служба: Кој може да донира млади кучиња за потрага на исчезнати лица

Охрид, 1.април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од неодамна, Планинската спасителна служба (ПСС) од Охрид започна активна соработка со новоформираниот Клуб за потрага по исчезнати лица „Куче спасител“, кој го предводи познатиот дресер на кучиња од Охрид, Ефто Стојановски.

Од службата апелираат до граѓаните и одгледувачите на кучиња, доколку имаат можност и желба да донираат млади кучиња, на возраст од 5 до 10 месеци, за потребите на клубот за потрага на исчезнати лица,

– За поголема ефикасност, се преферира кучињата да бидат од расата Белгиски овчар или друга динамична раса, во консултација со дресерот. Оние кои можат да нé контактираат со цел подобрување на капацитетот и ефикасноста на овој сектор во иднина, велат од ПСС.

Оттаму додаваат дека за потребите на клубот, ќе се обезбеди соодветна опрема за удобно одгледување на кучињата, како и за безбедна теренска работа на водичите, кои ќе бидат од големо значење во потрагите по исчезнати лица во иднина, на планина и во урбана средина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: арихва

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука