Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата пронајде марихуана во ќелијата на 29-годишен осуденик од Охрид во прилепскиот затвор

Прилеп/Охрид, 1. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 31-ви март 2022 година, во ОВР Прилеп било пријавено дека при претрес во ќелија на осуденикот, 29-годишниот А.Д. од Охрид, во Затворот во Прилеп била пронајдена марихуана.

– Полициски службеници од ОВР Прилеп ја подигнале дрогата за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука