Избор Струга ТОП ВЕСТИ

На патот Струга-Ќафасан намалување на брзината до 40 километри на час, препорачува АМСМ

Струга, 12. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – На патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, на делницата од бензинска пумпа Камара – м.в. Мали Влај, на учесниците во сообраќајот им се препорачува намалување на брзината на движење до 40км/ч. поради изведување на градежни работи на пат (крпење на ударни дупки), информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица се уште е затворен за сообраќај за сите видови на возила. Од охридска страна, сообраќајот се одвива до месноста Корита. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука