Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Од вечерва цела Струга без вода

Струга, 12. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од вечерва од 22:00 часот жителите на цела територија на општина Струга ќе бидат без вода.

Од ЈП „Водовод и Канализација“ Струга информираат дека прекинот е поради изведување работи во водоводната мрежа, за дислокација на доводен цевковод за водоснабдување.

Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до утре, 13-ти април, до 20:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука