Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Вицепремиерот Битиќи денес во посета на Охрид, ќе ја посети компанијата „Костал“

Охрид, 13. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Заменик-претседателот во Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе ја посети компанијата „Костал“ во Охрид.

Покрај Битиќи, во посета на Охрид доаѓаат и заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф и главниот оперативен директор и член на УО на Костал, Хансјорг Херман.

Високата делегација ќе оствари средба со генералниот директор на „Костал“ Македонија, Виктор Мизо. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука