COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Сали: Не може временски да се прецизира кога ќе се тргнат сите ковид рестрикции

Скопје, 13. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – И покрај олабавувбуањето на мерките, министерот за здравство Беким Сали изјави дека сé уште не може да се каже дека е крај на корона пандемијата.

Денеска заседава Комисијата за заразни болести, но тој не знаеше да каже дали и која од мерките за заштита од COVID-19 ќе биде олабавена.

– За жал, сé уште не може короната „да ја прогласиме за умрена“. Не знам Комисијата што ќе одлучи денеска, заседава во моментов, се надевам ќе има мерки по однос на резултати кои ги добиваме од Институтот за јавно здравје. Искрено не знам која мерка ќе биде денеска олабавена, но посакувам што побрзо да закрепнеме сите па да може да функционираме нормално, изјави Сали.

Додаде дека временски не може да се прецизира кога ќе се тргнат сите рестрикции. Постојано некоја мерка се олабавува, а во меѓувреме се прават анализи дали е постапено правилно.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука