Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Млад охриѓанец со возило избегнал сообраќаен полициски пункт

Охрид, 13. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти април 2022 година, во 18:15 часот, во СВР Охрид приведен е 22-годишниот С.К. од Охрид.

– Тој, претходно на улицата „Егејска“ во Охрид, со патничко возило марка „Корса“ во кое бил и 24-годишниот С.К. од Охрид, го избегнал сообраќајниот пункт на кој полициски службеници преземале мерки во сообраќајот. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука