Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Понеделник неработен ден за верниците од католичката вероисповед

Скопје/Охрид, 13. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), понеделник, 18-ти април 2022 година, Велигден, вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар е неработен ден за верниците од католичката вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, од Министерството за труд и социјална политика на верниците од католичка вероисповед им го честитаат празникот Велигден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука