Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во петок започнува првиот Startup Weekend Ohrid

Охрид, 13. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од 15-ти до 17-ти април 2022 година, во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи првиот Techstars Startup Weekend Ohrid.

Сите учесници ќе имаат шанса да се запознаат со дел од македонската стартап заедница, да креираат тим, да ги развијат своите идеи од концепт до прототип и да ги претстават пред жири на IT професионалци и инвеститори. Тимот позади Стартап Македонија, поддржани од стартап заедницата во Охрид и многу други стартап основачи и ентузијасти, по повеќе изданија во Скопје, го организираат првиот стартап викенд во Охрид. На едно место ќе се соберат основачи и ментори од многу македонски стартапи меѓу кои Cognism, Adeva, Intelory, Excelerate, Impala, Howitzer, Konceptiva, Fitkit, и корпорациите Oracle, НЛБ Банка, МакПрогрес, IT Labs, SEDC, Seavus Accelerator и други кои ќе бидат дел од настанот. Нивните совети и професионални мислења ќе им бидат достапни на учесниците и ќе бидат мотив плус за успех.

Искусни ментори, одлична дружба, споделување непроценливо знаење и бројни награди е само дел од тоа што Стартап Викенд Охрид ќе понуди. Во недела тимовите ќе презентираат пред жири комисијата за можноста да освојат одлични вредни награди кои ќе им помогнат брзо и лесно да продолжат да ги реализираат прототипите во стартапи, како и да се стекнат со оргомна мрежа на бизнис контакти. (Крај)

извор: opserver.mk фото: opserver.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука