април 13, 2022

Скопје, 13. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.216 тестирања, при што се регистрирани 185 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 114
• Битола 29
• Кавадарци 9
• Прилеп, Велес, и Штип по 4
• Тетово и Охрид по 3
• Куманово, Гостивар, Неготино, Радовиш и Делчево по 2
• Струмица, Гевгелија, Виница, Кратово и Крушево по 1

Од вкупниот број на позитивни (185), регистрирани се 28 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.

Регистрирани сe 124 оздравени пациенти од:

• Скопје 69
• Битола 16
• Кавадарци 11
• Прилеп 8
• Тетово и Куманово по 3
• Делчево, Велес, Гевгелија и Кичево по 2
• Гостивар, Неготино, Струмица, Ресен, Свети Николе и Демир Хисар по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.988.999 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.152, бројот на оздравени пациенти е 297.724, на починати е 9.256, а бројот на активни случаи изнесува 1.172. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука