Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Струшката полиција приведе две лица затекнати како користат метадон

Струга, 13. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти април 2022 година, околу 09:00 часот во ОВР Струга приведени се 37-годишниот С.М. и 42-годишниот Б.К., двајцата од Струга.

– При претходно извршен преглед кај месноста „Сатеска“, полициските службеници ги затекнале при користење метадон и кај нив пронашле шприц со метадон. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука