Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за лице од Лабуништа поради вршење јавен превоз без лиценца

Струга, 13. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 56-годишниот А.С. од струшкото село Лабуништа и правен субјект со седиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

– На 22-ри март 2022 година, на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници сопреле и извршиле контрола во автобус, сопственост на правното лице, и утврдиле дека возачот А.С. не поседува соодветна лиценца за таа дејност издадена од надлежен државен орган, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука