ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Нема договор помеѓу СОНК и МОН: Штрајкот продолжува

Скопје, 13. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денес разговаравме, но немаме добри вести за јавноста. Штрајкот ќе продолжи. Немаме конкретно ветување дека зголемувањето на платите ќе биде во одреден процент. Повеќе се зборуваше за продолжување на наставата и како ќе се надополнат часовите. Околу ова имаме исти став дека преговорите треба да се интензивираат. Од таа причина од МОН очекуваме да излезат со конкретен предлог и некаков допис како гаранции, изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков после состанокот со Министерството за образование и наука околу прекинување на штрајкот и исполнување на барањата на просветните работници.

Според Неделков, се ќе зависи од МОН и Владата со предлог.

– Сите сме расположени за прекин на штрајкот, но членството треба да одлучи околу таа одлука. Немаме добиено никаков предлог и не можеме да зборуваме за сума. Во правец на наставата се одвиваа разговорите. Ние сме со став дека не треба да се продолжи учебната година, може и во предвидениот рок да се надополнат пропуштените часови, рече Неделков.

Претседателот на СОНК додаде министерот Шаќири не знае колку ќе биде покачувањето на платите, но дека ветил дека ќе се зголемат.

– Продолжуваме со преговори во секое време кога ќе побараат од нас, потенцира Неделков.

Денес се штрајкуваше и во образовните установи во Охрид, каде веќе трет ден најголем дел од вработените во училиштата и градинките се во штрајк, повторувајќи ги своите барања за зголемување на платите.

Претседателката на Регионалниот огранок на СОНК во Охрид, Катерина Крстеска за Супер радио и OhridPress информира дека состојбата е непроменета, како од почетокот, мирно и без притисоци. Оние што штрајкуваа продолжуваат и натаму, а мал дел колеги и натаму држат настава. Засега вели дека немаат информација кога и како ќе се одвиваат преговорите со Владата

(Крај)

извор: локално.мк/ОхридПрес фото: Република

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука