Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Битиќи: Ќе ги поддржиме сите компании кои своите вредносни ланци ќе ги развиваат во нашата земја

Охрид, 13. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Ќе ги поддржиме сите компании кои своите вредносни ланци ќе ги развиваат во нашата земја, порача денеска од Охрид заменик-претседателот во Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.

– Благодарам на „Костал“ за денешната покана, денеска зборуваме за нов голем проект кој го започнуваат, а тоа е производството на полначи за електрични и хибридни возила. Ова е производство со висока додадена вредност, што е исклучително важно за развојот за нашата економија. Секако дека веќе зборуваме и за потпишување на нов договор за државна поддршка и на овој нов голем значаен проект, во вредност од 25 милиони евра, со нови 200 вработувања, а со кој е планирано производството на овие полначи за електрични и хибридни возила да започне во 2024 година. Ова е доказ дека политиките на оваа Влада, за поддршка на инвестиции кои се дел од вредносниот ланец на индустрии со високо-софистицирана технологија, функционираат. И не само тоа, туку и дека се правилен и навремен одговор на глобалната криза во која прекините во вредносните ланци од далечниот истокот предизвикаа дополнителен притисок на економиите, истакна Битиќи.

May be an image of 8 people, people standing and indoor

Покрај Битиќи, во посета на Охрид беа и заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф и главниот оперативен директор и член на УО на Костал, Хансјорг Херман. Високата делегација оствари средба со генералниот директор на „Костал“ Македонија, Виктор Мизо. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука