ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Случајот со 36-те семејства во Охрид кои не се обесштени за национализирано земјиште во 1957 година во извештајот на Стејт депертментот за човековите права во Македонија

Охрид, 13. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Случајот со членовите на 36 семејства во Охрид кои неколкупати протестираа во текот на годината, вклучително и во јуни, тврдејќи дека властите не успеале соодветно да ги обесштетат земјишните парцели национализирани од државата во 1957 година се меѓу заклучоци во годишниот извештај за состојбата со човековите права во Република Македонија, што го подготвува американскиот Стејт Департмент и се однесува на минатата година.

Во генералните заклучоци на извештајот се и припадниците на безбедносните сили во Македонија извршиле одредени злоупотреби, вклучително и прекумерна употреба на сила од страна на полицијата и затворските чувари, а има и веродостојни извештаи за нечовечки и понижувачки услови и пренатрупаност во некои затворски одделенија, насилство и закани за насилство врз новинари, случаи на сериозна корупција во владините редови, недостаток на одговорност за родово и семејно насилство, како и насилство и закани за насилство ЛГБТ лица.

Исто така, во извештајот се констатира дека Владата презеде чекори за идентификување, истрага, кривично гонење и казнување на функционерите кои извршиле злоупотреба или учествувале во корупција, додека народниот правобранител смета дека полициската неказнивост и понатаму е проблем, но во помала мера отколку во минатото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука