Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

ОСУ „Св. Климент Охридски“ распиша Интерен оглас за запишување ученици во I година во учебната 2022/2023 година

Охрид, 14. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 42 од Законот за средно образование и Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта во учебната 2022/2023 година од Министерството за образование и наука на Република Македонија, Училишната комисија за запишување на ученици  во Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ од Охрид, распишува Интерен оглас за спроведување на Конкурсот за запишување ученици во I  година во учебната 2022/2023 година.

Во I година во првото пријавување во ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид ќе се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за гимназиско образование – 272 ученици, 8 паралелки, 60 миниумум поени.

  • јазично-уметничко подрачје (комбинација А)
  • јазично-уметничко подрачје (комбинација Б)
  • општествено-хуманистичко подрачје (комбинација А)
  • општествено-хуманистичко подрачје (комбинација Б)
  • природно-математичко подрачје (комбинација Б)

Комплетните услови за запишување ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука