ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Попис 2021: Домаќинствата во Охрид во просек имаат под три члена

Скопје/Охрид, 14. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Најмногу членови по домаќинство има Дебар 3,71, додека над 3,5 члена имаат и општините Вевчани и Струга. Најмало просечно домаќинство има Дебрца со 2,71 член, додека под три члена имаат и домаќинствата во општините Кичево, Македонски Брод и Охрид, покажаа резултатите од Пописот кој се спроведе минатата година.

Просечното домаќинство во Република Македонија во последните 20 години има загубено по половина член и бележи намалување од 3,6 членови во 2002 година, на 3,06 членови во 2021 година.

Ова е тренд во сите општини освен во Чаир, Шуто Оризари и Чашка во кои има раст и во Сарај, Градско и Пехчево, каде има стагнација.

Југозападен регион

Југозападниот регион со 177.398 луѓе се наоѓа на четврто место и по територија и по бројот на население. Интересно е дека иако бројот на жители во регионот за 20 години е намален за 19,93 проценти, во исто време, бројот на домаќинства е зголемен за 12,53 проценти.

Ова е регион каде има најголемо намалување во бројот на членови по домаќинство од 1,43 члена, на 3,09 во 2021 година, споредено со 4,41 член во 2002 година.

Општина со најмалку членови по домаќинство е Македонска Каменица 2,43, а со најмногу се Арачиново и Желино по 4,45. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука