Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Нашиот Александар Јосифовски втор на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, охриѓани му порачаа: За нас, ти си победник

Белград/Охрид, 26. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Младиот и исклучително талентиран музичар од Охрид Александар Јосифовски го освои второто место на вчерашното големо финале на шоуто „Ѕвездите на Гранд“.

Неговите охриѓани, кои во текот на целиот ден му даваа поддршка на социјалните мрежи му порачаа: За нас ти си победник.

И покрај се’, ова е голем успех за Александар кој имаше одлично претставување на гледаното шоу на кое победи Нермин Ханџиќ кој има само 19 години.

Заедно со Андријана Петрушовска, Александар беше еден од двајцата македонски кандидати кои настапија во финалето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука