Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

11. годишен собир на Википедијанци од Централна и Источна Европа во Охрид

Охрид, 12. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од 14-ти до 16-ти октомври 2022 година, во хотел „Метропол“ во Охрид ќе се одржи 11. годишен собир на Википедијанци од Централна и Источна Европа – Wikimedia CEE Meeting 2022.

Главен фокус на Конференцијата се проектите на Викимедија (Википедија и слични проекти) во земјите и заедниците од Централна и Источна Европа а ќе учествуваат над 120 учесници од повеќе земји во деловите на Централна и Источна Европа. Настанот ќе го отвори градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, а ќе зборуваат и организаторите од Македонија, Снежана Штрковска, Кирил Симеоновски и Николче Стојановски.

Собирот се одржува со мотото „Повторно заедно“, „Bringing back together“, а ќе започне на 13-ти октомври со т.н. Learning day, каде ќе се дискутира за креативноста, влијанието на можните и присутни конфликти и стратегијата на работа на Википедијанците од Европа.

Трите дена ќе бидат посветени на разните структури во пишувањето на статии, текстови а секако за нас најважниот дел, збогатување на Википедијата на македонски јазик, со што нашиот македонски јазик е присутен насекаде. Вклучувањето на што поголем број креатори на содржини на македонски јазик ќе ја зголеми присутноста во целиот свет. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука