Избор Култура Струга ТОП ВЕСТИ

Драмското студио „Миладин“ од Струга ја најавува премиерата на комедијата „Економската криза на сцена“

Струга, 12. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Драмското студио „Миладин“ од Струга ја најавува премиерата на комедијата „Економската криза на сцена“ во режија на Ристе Миладин.

– Светот го зафати сериозна економска криза и скоро да нема човек кој не е загрижен заради тоа. Но благодарение на драмското студио „Миладин”, оваа сабота ќе можеме накратко но убаво да се насмееме на целата економска криза гледајќи ja на театарска сцена. Не одете во аптека по диазепам. Дојдете на претстава. Диазепамот е поскап и штетен, а смеата и доброто расположение со оваа претстава ви се загарантирани, без никакви нуспојави, порачуваат од Драмското студио „Миладин“.

Премиерата е во сабота, на 15-ти октомври 2022 година, со почеток во 20:00 часот во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Билетите се продаваат по цена од 100 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука