ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Оштетена таблата со натписот на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид (Фото)

Охрид, 12. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во СВР Охрид е пријавено оштетување на таблата со натписот на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во центарот на Охрид.

Од СВР Охрид за Супер радио и OhridPress го потврдија настанот и информриаат дека е извршен увид на местото на настанот.

No description available.

Клубот „Цар Борис Трети“ беше отворен неодамна во Охрид од страна на Здружението кое го носи истото име, а беше формирано претходно. Истовремено со отворањето на клубот, пред просториите каде се наоѓа, беше организиран протест, кој помина без инциденти иако на моменти атмосферата беше тензична. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука