Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Сообраќајка кај тунелот на патот Охрид-Св. Наум, повредени две лица

Охрид, 12. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти октомври 2022 година, во 22:55 часот, во близина на тунелот на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, патничко возило марка „Ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 26-годишниот Е.С. од Охрид, излетало од патот и удрило во патничко возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот Д.М., кое се движело на спротивната коловозна лента.

– Двајцата возачи биле префрлени во болницата „Св. Еразмо“, каде им била укажана медицинска помош и им биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука