Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Викендов започнува Втората Македонска кошаркарска лига, ГКК Охрид на домашен терен ги пречекува Партизан Водно санс

Охрид, 12. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Викендов започнуваат натпреварите од Втората Македонска кошаркарска лига.

Кошаркарите на ГКК Охрид во првото коло на домашен терен го пречекуваат тимот на Партизан Водно санс.

Натпреварот ќе се одигра во Спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид со почеток во 17:00 часот.

Покана до сите љубители на кошарката да дојдат и да им дадеме заедно поддршка и ветер во грб на нашите млади кошаркари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука