Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Охрид со 2:0 ја однесе победата против екипата на Детонит Плачковица

Охрид, 12. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Охрид Лихнидос, по победата над велешки Борец, стигнаа до уште една вредна победа во натпревар од Втората лига.

Со головите на Мартин Нически и Александар Ѓорѓиески, нашите најдобри фудбалери стигнаа до оваа вредна победа.

Денеска се комплетираше седмото коло со двата одложени мечеви од викендот. Покрај тимот на Охрид, славеше и Караорман кој освои гостински бодови кај Кожуф во Гевгелија со конечни 0:2.

Во недела, повторно на домашен терен, охридските фудбалери ќе играат против Караорман. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука