ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

МНР го осуди кршењето на таблата на бугарскиот клуб во Охрид

Скопје/Охрид, 12. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) најстрого го осудува вандалскиот чин кој се случи денес, 12-ти октомври во Охрид, со кој е искршена таблата на неодамна отворениот клуб.

– Потсетуваме дека според Уставот, и според долгогодишната пракса во земјава, сите граѓани имаат еднаква слобода на здружување заради остварување на нивните права и уверувања. Ги повикуваме сите надлежни институции да преземат соодветни мерки за овозможување на непречено исполнување на сите со Устав и закон загарантирани човечки и граѓански права и слободи. Истовремено, го повторуваме апелот и до сите граѓани и здруженија на граѓани за зрело и одговорно однесување со почит кон правата и слободите на другите, напоменувајќи дека мултиетничкиот карактер на нашата држава е една од темелните вредности на уставниот поредок, кое претставува право и обврска за секој од нас, стои во ракцијата на МНР. (Крај)

извор: МНР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука