Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со повремен локален дожд и температура до 17. степени

Охрид, 13. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладне и во текот на ноќта врнежите на повеќе места ќе бидат пообилни и поројни.

Максималната температура ќе се искачи до 17. степени.

– Денес најпрвин во западните, а потоа во останатите подрачја ќе има повремени врнежи од дожд. Попладне и во текот на ноќта кон петок врнежите на повеќе места ќе бидат пообилни и поројни (локално над 30 л/м2). Утре во текот на денот врнежите ќе престануваат, а од сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука