Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Македонските еколози викендов на Конгрес во Охрид

Охрид, 13. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охрид од 15-ти до 18-ти октомври 2022 година ќе биде домаќин на Шестиот Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество во рамки на којшто МЕД го одбележува и својот јубилеј од 50-години делување.

Одржувањето на овој конгрес е од големо значење за еколозите со оглед на тоа што ова е единствен научен собир од ваков тип во Македонија. Се очекува дека на конгресот ќе земат учество повеќе од 200 научни работници од земјава и од странство, со свои научни трудови од областа на екологијата и заштитата на животната средина.

Работата на Конгресот ќе се одвива во повеќе секции кои се однесуваат на проучување на популации и екосистеми, хидробиологија управување со води и мониторинг, биодиверзитет и заштита, шумарство и земјоделство, управување со природни ресурси, загадување и заштита на животната средина, промени во животната средина и еколошка едукација. На конгресот својата работа ќе ја претстават 146 автори и над 50 посетители, коавтори на научни трудови како и соработници. На конгресот учествуваат автори од Македонија, Косово, Србија, Бугарија, Полска, Грција, Словенија, Хрватска и други.

Македонското еколошко друштво од своето формирање во 1972 година, ги обединува професионалните еколози од различни струки со цел промовирање на екологијата како наука, унапредување на еколошката едукација и заштита на животната средина и природата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука