Економија Избор Општина Вевчани Струга ТОП ВЕСТИ

Улици во Струга и Вевчани ќе се реконструираат како дел од Проектот за „Поврзување на локaлни патишта во општините“

Струга, 13. октомврин 2022 (ОХРИДПРЕС) – Улици во Струга и Вевчани ќе бидат реконструирани во рамките на Проектот за „Поврзување на локaлни патишта во општините“, а по јавниот повик кој го објави Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.

Станува збор за реконструкција на на локален пат во селото Мороишта во Струга и улицата од Здравствен Дом до Шопев Мост во Општина Вевчани.

Средствата за реконструкција на конкретните улици се обезбедени од Владата на Република Македонија, преку проектот за подобрување на локалните улици и патишта кој е со вкупна вредност од 70 милиони евра. Целта е подобрување на урбаното живење во рамки на општините заради локален економски развој и подобрување на животот на граѓаните.

Во рамките на овој проект, до сега опфатени се 50 општини со околу 110 улици. Министерството за транспорт и врски континуирано работи на реализација на овој проект во сите општини во Република Македонија. Воедно упатуваме и апел до сите општинте кои до сега не аплицирале, да достават готови проекти заради навремено искористување на средствата предвидени со овој проект. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука