ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид: 47-годишниот Г.И. од Охрид ја оштетил рекламната табла со натпис „Цар Борис III“

Охрид, 13. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти октомври 2022 година во СВР Охрид извршен е разговор со 47-годишниот Г.И. од Охрид, при што е констатирано е дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување“, извршено на рекламна табла со натпис „Цар Борис III“ поставена над објектот од здружението лоцирано во трговскиот центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид.

– Во врска со делото, предвидено во член 243 од Кривичниот законик, а во консулатација со Јавен обвинител, СВР Охрид до здружението ќе испрати известување имајќи предвид дека согласно чл. 243 ст. 3 гонењето за делото се презема по приватна тужба, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука