ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Човекот кој ја искрши таблата на клубот „Цар Борис III“ сам се пријавил во полиција

Охрид, 13. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Човекот што вчера претпладне ја искрши таблата на клубот „Цар Борис III“ во Охрид и е познат на полицијата од самиот почеток, затоа што тој сам се пријавил откако го извршил делото, дознава порталот мкд.мк од извори од истрагата.

– Сторителот на делото е маж кој со земјоделска алатка а не со секира како што се пишува ја скршил таблата и веднаш потоа отишол во полициската станица во Охрид и сам се пријавил. При тоа раскажал што се случило, како се случило и зошто го направил тоа, велат изворите на мкд.мк.

Од МВР пак за сега нема никаква информација за тоа кој го сторил делото и кои биле мотивите за кршење на таблата. Портпаролот на охридската полиција, Стефан Димоски во телефонски разговор кратко ни кажа дека во текот на денот МВР ќе излезе со официјално соопштение.

На официјалната Facebook страница на клубот вчера беше објавено дека напаѓачот со секира го нападнал новиот бугарски културен центар во Охрид.

– Вандализмот започна додека во клубот се одржуваше состанок меѓу членовите на здружението и надворешни посетители. Според очевидци, од надвор почнале да се слушаат „фашистички” врисоци, а набргу потоа следеле удари со секира во знакот на клубот. За среќа, сите присутни успеале да се спасат неповредени, а штетата е само материјална, пишува на страницата на клубот „Цар Борис III“.

Од Министерството за надворешни работи (МНР) вчера најостро го осудија настанот и го нарекоа „вандалски чин“. (Крај)

извор: мкд.мк фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука