Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

ОО на Црвен крст Охрид е добитник на највисокото признание за 2022 година

Охрид, 17. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денес во големата сала на Општина Охрид, се одржа свеченост, на која Општинската организација на Црвен Крст Охрид, го доби признанието за најуспешна во годинешната програма „Црвен Крст во акција – промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ).

Пред присутните граѓани и гости, се обрати градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков, кој истакна дека денешната свеченост е убав повод уште еднаш да се потсетиме на највредното што го поседуваме – хуманоста, човекољубието, солидарноста, како највредни карактеристики што треба и мора да ги имаме и да ги споделуваме за добробит на целата заедница.

– Општинската Организација на Црвен Крст Охрид, веќе не навикна, постојано да сме сведоци на нивните врвни достигнувања во промовирањето и реализација на хуманите проекти. Со завршувањето на овогодишниот циклус на програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумании вредности“, Општинската организација на Црвен Крст Охрид е најдобра во Македонија, што го покажува и највиското признание – Златен пехар за најуспешно спроведени проекти. Најискрени честитки за Црвен Крст Охрид. Дозволете сепак, посебно да ги издвојам младите волонтери и од се срце да им упатам честитки за нивната посветеност, инвентивност, пожртвуваност и хуманизам. Секоја чест за вас драги мои млади сограѓани. Ви сте пример за хуманизам без граници, посветеност без заддршка и безусловна љубов. Се надевам дека вашиот пример ќе го следат се повеќе ваши млади пријатели, а Црвениот Крст од Охрид ќе биде уште поуспешен во спроведувањето на својата хумана мисија.  Општина Охрид секогаш имала одлични односи со Црвениот Крст. Ве уверувам дека така ќе биде и во иднина. Зошто за нас најголема вредност е човекот, а преку работата на Црвениот Крст најнепосредно допираме до основните хумани, социјални и културни потреби на нашите граѓани. Уште еднаш упатувам искрени честитки за остварениот успех и ви посакувам плодотворна работа и во иднина, истакна во своето обраќање Пецаков.

Во продолжение на програмата беа презентирани четирите наградени проекти, со кои младите волонтери на Црвен крст Охрид, по четврти пат го освоија пехарот на програмата ЦКА-ПХВ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука