Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Се отстрануваат типизираните куќарки од пешачката зона на кејот на Охридското Езеро (Фото)

Охрид, 8. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на локалните Јавни претпријатија, денеска започнаа со отстранување на типизираните куќарки од пешачката зона на кејот на Охридското Езеро.

Истите беа поставени кон средината на мај оваа година и се користеа како привремени објекти во кои во текот на летната сезона се продаваа прехранбени производи.

За нивно нормално функционирање беа обезбедени и соодветни услови за безбедно работење, како довод на електрична енергија и поврзување со водоводната мрежа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука