Економија Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Бројни Охриѓани и денеска презентираа идеи и предлози на отворениот ден на Општина Охрид

Охрид, 10. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на отворена, транспарентна и граѓанска Локална самоуправа, втор викенд по ред се одржуваат отворени денови на Општина Охрид, каде граѓаните кои презентираа идеи, предлози и решенија за подобар Охрид.

– И денешниот отворен ден изобилуваше со интересни идеи и предлози. Среќен сум што Охриѓани во голем број ни пристапуваат со идеи и проекти и со тоа покажуваат дека Охрид ние подеднакво важен на сите.
Ве очекувам утре, недела, 11-ти декември 2022 година, на исто место и во исто време, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

На средбата со граѓаните, покрај градоначалникот Пецаков, беа присутни и претседателот на Советот, секретарот, раководителите на сектори и одделенија од Општина Охрид, директорите на јавните претпријатија и дел од охридските советници.

И минатиот викенд охриѓани понудија бројни идеи и предлози, а дел од нив ќе бидат вклучени за реализација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука