ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Александар „CacaNito“ Ќулукоски дел од македонската CS:GO репрезентација која се пласираше во финалето на Светското еспорт првенство

Скопје/Охрид, 10. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Македонската CS:GO (Counter-Strike:Global Offensive) репрезентација денеска се пласираше во финалето од Светското првенство на Меѓународната еспорт федерација (МЕСФ) кое се одржува офлајн во Бали, Индонезија. Во финалето кое е закажано за утре во 3:20 часот сабајле, Македонија ќе игра со Монголија, односно тимот „IHC“.

Репрезентацијата која ја претставува тимот „BLUEJAYS“ во состав на Јане „aidKiT“ Апостолоски, Александар „CacaNito“ Ќулукоски, Даниел „dan1“ Глигоров, Дамјан „kyxsan“ Стоилковски и Павле „stYleEeZ“ Стојановски влегува во финалето на првенството откако ја победи репрезентацијата на Русија со 2-0, јави Радио МОФ.

Македонските репрезентативци издвојуваа победа на мапите „Ancient“ со 16-5 и „Dust2“ со 16-11.

Целокупниот награден фонд на првенството е 100.000 долари, односно 50.000 долари за прво и 30.000 долари за второ место.

Комплетната информација на Радио МОФ ОВДЕ. (Крај)

извор: Радио МОФ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука