Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 26 литри дожд на метар квадратен

Охрид, 11. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), во текот на изминатите 24 часа во Охрид се измерени вкупно 26 литри дожд на метар квадратен.

Најмногу дожд наврна во Пожаране – 46 и во Тетово – 40 l/m².

Во Охрид денес претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, наместа и особено во крајните западни и источни делови врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Од ноќта кон понеделник од север ќе настапи заладување што ќе услови позначително спуштање на температурите. Врнежите во понеделник и краткотрајно и во вторник на планините ќе бидат од снег, а во северните делови ќе има услови за појава на снег понекаде и во пониски места, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука