Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминатите 24 часа најмногу дожд во Македонија наврна во Охрид, 23 литри на м²

Скопје/Охрид, 12. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа, заклучно со 07:00 часот утрово, најмногу дожд во Република Македонија наврна во Охрид – 23 литри на м².

Следуваат Претор со 20, Дебар со 16, во Крушево 12, Крива Паланка 7, Битола 6, Прилеп и Пожаране 5, Берово 4, Тетово 3, Штип и Тополчани 2 и Скопје-Петровец, Струмица и Демир Капија по 1 литри на м².

Според прогнозата на УХМР, во Охрид денес претежно облачно време со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.

– Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Во среда се очекуваат нови врнежи од дожд, на места пообилни, а на планините и на повисоките места од снег. Од четврток ќе има значителен пораст на температурите, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука