Избор Охрид

Охридскиот портал WebOhrid прослави една деценија постоење

Охрид, 12. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот електронски медиум, порталот WebOhrid прослави една деценија постоење.

– Помина една деценија откако започна со работа електронскиот медиум WebOhrid. Како што веќе знаете, во изминатите години нашиот медиум постојано се доусовршуваше, а целта остана иста: брзо, точно и објективно информирање на јавноста. Нашата редакција е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залагаме за почитување на етиката и професионалните стандарди во известувањето, но и член и на Регистарот на професионални онлајн медиуми www.promedia.mk. Резултат на нашето успешно и професионално работење се многуте признанија, пофалници и благодарници кои ги добиваме од страна на релевантните институции, фирми и поединци. Изразуваме голема благодарност кон сите наши читатели кои беа постојано со нас и кои нè поддржуваа и храбреа изминативе 10 години. Исто така, упатуваме голема благодарност кон сите наши деловни партнери за дадената поддршка. Објективноста на WebOhrid нека биде мотив за вашата понатамошна доверба, порачаа колегите од WebOhrid.

Комплетната редакција на OhridPress им посакува уште долги години успешна работа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука