ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Водостојот на Охридското Езеро речиси три недели е на природната кота 693,17 м.н.в

Охрид, 12. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од 25-ти минатиот месец заклучно со денес, нивото на водата во Охридското Езеро е непроменето и се одржува на природната кота 693,17 м.н.в.

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е за 2 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,19 м.н.в). Температурата на езерската вода и натаму е 10 степени, што е за 0,8 степени над просекот.

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство землоделство, шумарство водостопанство управа хидрометеоролошки работи- неделна хидролошка информацила табела станица река легуновце вардар лепенец cm измерени 07:30 часот 07.12.22 08.12.22 09.12.22 вардар 11.12.22 97 12.12.22 д.капила- треска пелинце 158 17 136 17 92 114 16 27 106 28 пчина 118 28 70 брегалница сушево ложани црн дрим 64 44 108 107 -8 55 108 -9 07 106 MHM 54 65 07:30 64 146.53 148 146.53 146.53 нд 146.53 693.17 146.53 693.17 693.16 693.15 12.0 693.17 часот 693.17 693.17 11.8 7.5 10.0 10.0 изработил: проверил:ау одобрил:вс 10.0 ивица годоровски правото акумулации надвор редовниот понатамошна обработка корекција“

И покрај тоа што деновиве Охрид е меѓу градовите во Македонија каде е евидентирана најголема количина наврнат воден талог, сепак состојбата со езерскиот водостој и натаму е статус кво. Нискиот водостој освен што на површина ја изваде нашата колективна негрижа и претворањето на овој бисер во водна акумулација, откри и многу повеќе. На само метар или два од кејот можат да се забележат поголеми и помали бетонски парчиња, кои временските прилики и неприлики, но и неодговорни поединци меѓу нас со години ги фрлале во езерото.

Синоптичарите за денес во Охрид најавија претежно облачно време со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.

– Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Во среда се очекуваат нови врнежи од дожд, на места пообилни, а на планините и на повисоките места од снег. Од четврток ќе има значителен пораст на температурите, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука