Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Врвен викенд во клуб Rebel Охрид: Петок со Fecky Farris

Охрид, 12. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Забавата овој викенд во Охрид започнува со настапот на Fecky Farris во петок, на 16-ти декември во клуб Rebel.

Farris важи за еден од основачите на македонската електронска сцена. Во 1997 година, тој ја започна својотa професионална кариера како Dj, па после и како продуцент, промовирајќи ја својата музика на глобалниот музички свет. После многу успешни настапи по фестивали и клубови во Скопје и низ Македонија, кариерата ја пресели и на Балканот и Европа. Под името „Sound Manipulation“ има организирано и реализирано безброј настани,фестивали со звучни имиња во светот на електронската музика, како кај нас така и во Албанија. Феки Фарис е еден од ретките дј од Мк кој има настапувано во повеке Европски и Балкански земји, како Чешка, Франција, Германија, Швајцарија, Австрија, Грција, Хрватска, Бугарија и други. Има настапувано заедно со познати имиња како: Dennis Ferrer, Derrick May, Deetron, Sven Vath, Loco Dice, Steve Bug, Оxia, Black Coffee, Louie Vega, David Morales и многу други. Неговата музика варира од Deep House до Detroit Techno создавајќи уникатен стил што секако ја задоволува целата публика.

Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:59 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации е ++38979230912.

Овој викенд, клуб Rebel е местото каде треба да бидете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука