Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со температура до 8. степени

Охрид, 13. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и студено време, попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 8. степени.

– Под влијание на нов влажен бран утре и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. На места, особено во западните делови, врнежите ќе бидат пообилни. Од четврток температурата ќе биде во пораст, но ќе има услови за магла и значителна ниска облачност по котлините. Врнежи од дожд повторно се очекуваат во сабота, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука