Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Голема победа на кадетите на ГРК Охрид над РК Преспа Вардар

Охрид, 13. Декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Кадетите на ГРК Охрид, во петтото коло на гостински терен ја поразија екипата на Преспа Вардар од Ресен со 30:43.

Најдобри поединци во победничкиот тим беа Никола Стефаноски со 10, односно Дамјан Недески и Јулијан Матески со по 9 погодоци, како и голманот Матеј Крстески со 13 интервенции.

Младинците пак, беа поразени во спортската сала „Нико Нестор“ од тимот на РК Струга со 37:31. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука