Економија Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Сладок декември со „Тамаро“ и Нутрино Јуниор (Фото/Видео)

Охрид, 13. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на највеселиот период од годината, охридските „Тамаро“ маркети повторно го организираат препознатливиот „Сладок декември“ и ја продолжуваат соработката со Супер радио и најголемите компании во државата.

Повторно е време за многу подароци, насмевки и весело расположение во пресрет на Нова година и сите празници кои ни ги носи овој прекрасен дел од годината. Ќе се дружиме, забавуваме и наградуваме со нашите пријатели.

– Денеска се одржа забава со производите на Нутрино Јуниор во маркетот на „Тамаро“ на улицата „АСНОМ“ каде екипата на Супер радио, предводена од водителот Жанко ЗШ Голабоски и највеселиот Дедо Мраз подарија многу насмевки за најмладите од Градинката „Јасна Ристеска“, но и на сите дечиња кои со родителите пазареа во објектот, порачуваат организаторите.

За уште повесели празници доделуваме многу подароци секој ден на Супер радио, се’ во насока на внесување на максимално голем број насмевки и позитивна енергија кај охриѓани, особено кај најмладите.

Комплетната организација е дело на креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио и Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука