Избор Македонија Струга ТОП ВЕСТИ

МВР демантира дека е извршена промена на командирот на ГП „Ќафасан“

Скопје/Струга, 14. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи (МВР) најостро ја демантира лагата пласирана денеска од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно за командир на граничен премин „Ќафасан“ пред три месеци било поставено лице со отслужена затворска казна за криумчарење, реагираат од министерството.

– Станува збор за класична лага пласирана од оваа партија. Нема никаква промена на командирот на ГП „Ќафасан“. Напротив, подолг период командир на ГП „Ќафасан“ е Ј.Б., професионалец со одлични резултати во работењето. Апелираме да ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги лаже граѓаните, стои во демантот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука