Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид ја доби првата инклузивна игротека „Радост“, наменета за децата со церебрална парализа

Охрид, 14. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охрид ја доби првата инклузивна игротека „Радост“, наменета за децата со церебрална парализа, а сместена во Касараната.

Ќе бидат згрижени околу 20 деца и ќе имаат можност да се развиваат и социјализираат. Покрај игра и забава, ќе добиваат и терапија, ќе им овозможиме средина која ќе биде поттикнувачка за нивниот развој, а предвидена е и поддршка за родителите, истакна координаторот на проектот Весна Габелоска, од Здружението В.О.П.С Поддршка.

Нема достапен опис

– Првенствено акцент ставивме на децата со церебрална парализа, јас тој проблем најмногу го познавам бидејќи имам 15 годишна ќерка со тешка форма и овие деца заради архитектонските бариери, непрстапност во градот, парковите и игротеките, нема каде да одат. Од друга страна и степенот на инклузија во училиштата не е сé уште развиен доволно да ги прфати овие деца, па така за жал беа осудени да седат дома, што го ограничува нивнот развој. Сакав да ги извлечам од секојдневното сивило. Покрај игра и забава, ќе добиваат и терапии ќе овозможиме средина која ќе биде поттикнувачка за нивниот развој, од мали нозе ќе се социјализираат, а тоа ќе даде придонес во вклучување во процеост на образование, а потоа и на пазарот на трудот. Предвидуваме и поддршка за родителите, ќе можат да дојдат да се социјализираат и тие, ќе имаме работилници што ќе им помогнат за психолошка поддршка, а ќе можат да завршат и некоја друга работа додека детето е згрижено. Оваа игротека ја видов и како нешто кое треба да го зближи целото семејство, потенцира Габелоска.

Нема достапен опис

Особено задоволство од отворање на ваква игротека покажаа родителите, кои велат дека на овој начин ќе им се помогне и на децата, но и самите нив како родители и на семејствата.

– Ќе бидеме малку поодморени ние како родители, а и за децата ќе биде полесно, ќе се социјализираат, ќе се радуваат на дружба со другите деца и мислам дека е најдобра социјализација. И за нас мајките ќе биде добро со давање совети меѓусебе, размена на искуства во смисла на смисла вежби, социјализација да им овозможиме, дефектолози, психолози сé што му е неопходно на нашите деца, вели родител на дете со церебрална парализа.

Нема достапен опис
Проектот „Инклузивна игротека“ на Здружението В.О.П.С се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 – ReLoAD2, финансирана од Европската Унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.

Заменичката на постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија, Сања Бојаниќ истакна дека програмата е посветена на инклузивноста, како принцип и како нешто што го интегрират во сите нивни проекти и активности.

Нема достапен опис

– Ова значи дека сите припадници на нашата заедница треба да имаат исти можности, шанси и права. Во оваа игротека имаме околу 20 деца со церебрална парализа, кои ќе имаат можност да играат да се развиваат, што е многу важен дел од психофизичкиот развој. Ова е еден дел од инцијативата на регионална програма. Важно е вакви и слични проекти да се имплементираат и како може да придонесме сите граѓани да имаат можност да се приклучат, истакна Бојаниќ.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков потенцира дека со ова се прави заначаен чекор во подобрување на перцепцијата, надминување на предрасудите за поголема инклузија на лицата со посебни потреби и обезбедување услови што ќе им го разубават животот и ќе го олеснат секојдневието на нивните најблиски. Конечно овие деца ќе најдат катче за социјализација и дружење и конечно ќе излезат од изолација од своите домови.

Покрај потребната опрема и играчки, за разубавување на игротеката со цртежи и оживување со бои се погрижи одделенскиот наставник Билјана Томаноска и директорката на ОУ „Дебрца“, Билјана Славевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука